МЛД „Ванчо Николески“ од Квинбијан ја одбележа годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

0
182
На 4 мај 1903 година селото Баница, Серско, Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загина Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 4 февруари 1872 година, произлегува од релативно добро ситуирано кукушко семејство Делчеви. Роден е на 4 февруари 1872 година како прво машко дете, трето по ред чедо на бројната фамилија Делчеви која имаше вкупно девет деца. Гоце беше опкружен од тројца браќа (Мицо, Милан и Христо) и пет сестри (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена).
Татко му Никола Делчев беше кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнуваше од блиското село Мурарци.
Во родниот Кукуш Гоце Делчев помина половина од својот краткотраен животен пат. Тоа е првата, речиси идилична фаза што го опфаќа неговото детство. Првата етапа од неговото школување е сврзана со родниот град Кукуш. Тука Гоце се здоби со основното образование, а потоа школувањето го продолжи во Солун. Во Солунската гимназија ќе се случи и првиот јавен револуционерен истап на Делчев, на свеченоста посветена на роденденот на султанот Абдул Хамид II.Додека масата присутни акламирала “Чок јаша!” (Да живее), 17 годишниот Гоце Делчев, божем сепнат осамено извикал: “Аша!” (Долу) со што силно го подигна неговиот углед во солунската средина.
Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетува социјалистичките кружоци и ја шири социјалистичката литература, за што беше исклучен од училиштето.
Во 1894 година Гоце беше назначен за учител во Штип, каде што се запозна со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО.
Од 1896 година се зачлени во редовите на Организацијата и се до неговата смрт беше во Централниот комитет на ТМОРО.
За време на честите обиколки низ Македонија работеше на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Сета своја љубов и загриженост кон Македонија ја изразува во неговото писмо до Даме Груев во 1894 година: “Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?”.
На Солунскиот конгрес на ВМРО од 1896 година, заедно со Ѓорче Петров добија задача да ги изработат Нацрт-уставот и Нацрт-правилникот на Организацијата. Оттогаш, па се до 1901 година беше задграничен претставник на ВМРО во Софија, каде што водеше долга и тешка битка со врховистите.
Гоце Делчев се залагаше за самостоен развој на Движењето и за организирање на македонските маси, без оглед на верата и националната припадност. Ослободувањето на Македонија го гледаше како нејзина внатрешна работа. “Ние не мислиме да правиме политика, ниту на други да им дозволиме да прават политика со Македонија. Нашата борба за нас тоа е живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме. Кога ќе се прави востание ќе реши народот” велеше тој. “Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која било друга сила, туку треба да се подготвиме од внатре – во душата на секој селанец да се проникне таа идеја”.
Затоа и беше сериозно вознемирен кога слушна за решението на Централниот комитет за кревање предвремено востание.
СЛАВА МУ!