Нови градежни активности во Битола

0
191

ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦИТЕ БРАНИСЛАВ НУШИЌ И ХРИСТО УЗУНОВ

Денес започнаа градежните работи за рехабилитација на коловозот на улиците Бранислав Нушиќ и Христо Узунов.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на активностите на терен, каде со месното население разговараше за динамиката на реализација на проектите за рехабилитација, со кои овие улици ќе добијат нов коловоз во должина од над 500 метри. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 2.681.632 денари.

Со денешните активности, се работи на подобрување на патната инфраструктура на 11 улици во Битола, како дел од проектот кој го најави градоначалникот Коњановски, а кој вклучува изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици во општината.