Детската секција на МКД „Охридски Бисери“ од Нова Горица започнува со проби

0
277
Почитувани родители и љубители на македонскиот фолклор,
Ве известуваме дека од недела 8 мај 2022 започнува со проби детската фолклорна секција при нашето друштво. Пробите ќе се одржуваат секоја недела од 10.00 до 11.00 часот во Точка, улица Градникове бригаде 25, Нова Горица.
За подетални информации можете да ни се обратите по електронски пат на mkd.ohdskibiseri@gmail.com, на веб страницата https://mkd-ohridskibiseri.si/ или на нашите fb и instagram профили.
Заедно да ги сочуваме вредностите на нашата култура и традиција пренесувајќи им ги на идните поколенија кои растат надвор од границите на Македонија!
Раководител со фолклорната секција
Магде Николеска