РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ 2022

0
34

Во текот на минатата недела во ООУ „Јоаким Крчовски“–Крива Паланка се одржаа општинскиот и регионалниот натпревар за учениците во основното музичко образование 2022 година, организирани од страна на Здружението на музички и балетски педагози на РСМ. Учениците од  ООУ „Јоаким Крчовски“  го докажаа високиот квалитет и потенцијал, а нивните  успеси се резултат на трудољубивоста и упорноста на младите таленти.

Под менторство на наставничката по пијано Лариса Жулина-Митовски нејзините ученици ги освоија следните резултати:

Меглена Георгиева – прва награда (100 бодови)

Матеј Георгиев-прва награда (98.67 бодови)

Во класата на проф. Виктор Ристовски прва награда (98.00 бодови) по пијано освои ученикот Лука Стаменковски

Во класата на проф. Дејан Ангеловски, прва награда (99.33 бодови) по хармоника освои ученикот Климент Ѓорѓиевски и Алекс Тодоровски освои прва награда (96.33 бодови).

Сите пет ученици продолжуваат на Државен натпревар за ученици во основно музичко образование 2022. Им посакуваме успех!

Натпреварот  се одржа со физичко присуство според протоколите објавени од МОН.

Програмите за натпреварот за основно музичко образование за 2022 г. се објавени на следниот линк

Правилата за одржување на натпреварот се објавени во Правилникот за организирање на општински, регионален и државен натпревар на ученици во основно музичко образование.