ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „НА КАУЧОТ НА ЗИГМУНД ФРОЈД

0
329

Во просториите на Друштвото на писатели во Скопје, се одржа Промоција на збирката поезија „На каучот на Зигмунд Фројд“ од авторката Јулијана Младеновска Тешија од Осиек со потекло од Скопје, поради што и песните напишани во книгата се на македонски и хрватски јазик. Претседателката на Друштвото на писатели г-ѓа Соња Стојменска – Елзесер во поздравниот говор го изрази своето задоволство дека после 2 години повторно се отвара просторијата за културни настани.

Директорот на Агенцијата за иселеништво ги поздрави присутните и упати честитка до авторката и друштвото МКД „Браќа Миладиновци од Осиек“ за издадената книга и за заложбата за негувањето на македонската култура во Република Хрватска.

За книгата говореа поетесите Весна Ацевска и Љерка Тот Наумова, Ана Димишковска, филозоф и Тони Димков, новинар.

 

Книгата е издадена од Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а финансирана од Република Хрватска преку Советот за Национални Малцинства