По подолго боледување почина уметникот Омер Калеши, на 90-годишна возраст. Тој беше исклучително позитивен пример за духовен свет врзан за вредностите на Балканот, човек кој што ги бранеше достоинствата на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања наспроти наметнатите разединувања, пишува Националната галерија, која во својата постојана поставка во Даут пашиниот амам поседува две негови дела. Омер Калеши беше и ќе остане симбол на балканскиот мултикултурализам, искрен поборник за мир и соживот, автор со автентичен стил и универзална порака која остави длабок печат во современата европска уметност и ќе претставуваат неисцрпна инспирација за хуманост, љубов и почит.
Омер Клеши е роден во кичевското село Србица во 1932, матурирал во средното техничко училиште во Скопје, во 1965 ги завршува студиите на Ликовната академија во Истанбул, а од 1965 живее и твори во Париз. Автор е на над 600 дела кои ги има изложувано во најголемите европски метрополи, одликуван е со Медал за заслуги за Македонија, добитник е на наградата „Мајка Тереза“ во 2018, почесен член е на МАНУ.