Слободан Близнаковски оствари работна средба со претседателот на ЗГМНЗ за Пчињски Округ „Гоце Делчев“ од  Врање, Пецо Ристевски

0
63

Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски оствари работна средба со претседателот на ЗГМНЗ за Пчињски Округ „Гоце Делчев“ од  Врање, Пецо Ристевски, во просториите на Агенцијата.

На средбата г-динот Ристевски го информира директорот Близнаковски за активностите на Здружението и предвидените проекти согласно програмата за работа, како и за можностите за соработка со Агенцијата за иселеништво. Меѓу другото информира за  получасовната емисија „Македонска разгледница“ на македонски јазик која се емитува на РТВ Фокус, Врање, со теми од областа на македонската култура, традиција, фолклор, знаменитости и животот на Македонците во Република Србија и решавањето на проблемите и потребите преку активностите на друштвата во рамки на Националниот совет. Во тек се и „Гоцевите Денови“ кои традиционално се одбележуваат со конкурс за најдобро дело од ученик на тема „Ликот и делото на Гоце Делчев“. 

Г-дин Ристевски за блиска иднина го најави проектот „Македонска ревија“ на која се планират да се презентираат носии од делови од Северниот дел на Македонија и Јужна Србија.

Директорот Близнаковски информира за претстојните програмски активности на Агенцијата за иселеништво и изјави дека Агенцијата за иселеништво и понатаму ќе ги поддржува активностите на иселеничките организации во татковината и надвор, во рамки на надлежностите.