Општина Илинден со голема хуманитарна акција

0
182

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Општина Илинден организира голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”, за донација на храна и хигиенски средства.

Целта на оваа голема хуманитарна акција е да им се помогне на ранливите категории на граѓани од општина Илинден,  велигденските празници да ги прослават достојно како и останатите граѓани. Христовото воскресение е празнување на вечниот живот и вечната радост, па за овој празник да внесеме надеж во домовите на луѓето на кои единствено надежта и вербата им останале.

Општина Илинден ги поканува сите општествено одговорни компании да земат учество во хуманитарната акција со цел сите заедно да придонесеме за подигнување на свеста за потребната меѓусебна поддршка и помош на ранливите групи.

Сите заентересирани општествено одговорни компании кои сакаат да се приклучат во акцијата, можат да се обратат директно во Општина Илинден или на телефонскиот број: 02/2571-703 или 02/2571-704.

#Подај рака-хумана општина Илинден#

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот