Францускиот амбасадор во посета на Крива Паланка

0
175

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски,оствари средба со амбасадорот на Република Франција во СРМакедонија, Сирил Бомгартнер, а повод за средбата беше одбележувањето на неделата на франкофонијата и одржување на „Франкофонска вечер 2022“.

На средбата се разговараше на повеќе теми кои ќе значат понатамошна соработка, но и поддршка за Република Македонија на патот кон Европската унија.

Неговата екселенција, амбасадорот Бомгартнер истакна дека иако е само година и половина во државата, веќе му е познат континуитетот на негување на франкофонијата во општина Крива Паланка.

-Досегашната соработка со општината и амбасадата е одлична, истата треба да се продлабочи и динамизира. Се радувам за залагањата на професорите за афирмација на францускиот јазик и култура, зошто ние најмногу сме фокусирани за што поголема застапеност на францускиот јазик, чиешто изучување се намалува во изминатите десетина години во целата држава. Но, ме радува што ја имаме и вие и ние, како што јас ја нарекувам,  амбасадорката на нашата амбасада во Крива Паланка, вашата сограѓанка, професорката по француски јазик од ООУ Јоаким Крчовски, Елена Николовска, изјави амбасадорот Бомгартнер.

На состанокот беа истакнати досегашните заеднички придобивки од меѓусебната соработка на општината и амбасадата на Франција и беше потенцирано дека треба соработката треба да се продлабочи и да се зајакне динамиката на изучување на францускиот јазик.

– Мое е задоволство што сте наш гостин денес и би сакал да истакнам дека благодарение на активностите од областа на франкофонијата на професорката Елена Николовска, Крива Паланка има остварено соработка со “Еуроп раид”во 2019 година, кога околу 900 француски државјани беа во градот и донираа училишни материјали, а има најава повторно да дојдат годинава. Се оствари соработка и со фондацијата “Бел Идеал” на нашата сограѓанка Јадранка Бенреждал, која ги наградува и учениците и професорите,а донира и учебници и книги по француски јазик, а секако, на овој начин и општината се промовира надалеку и со одличните успеси на национални и интернационални натпревари на учениците по француски јазик, рече градоначалникот Митовски.

Градоначалничката Миотвски очекува интензивирање на соработката со Франија, а со тоа и повеќекратен бенефит за општина Крива Паланка.

Миотвски истакна дека Општината ќе продолжи да ја унапредува соработката со амбасадата на Франција во насока на соработка по одредени програми на амбасадата, и ќе биде спремна да подготви и достави проектни апликации, а се осврна и на значењето на најавената достапна поддршка од Француската агенција за развој.

Во рамки на посетата, амбасадорот Бомгартнер и градоначалникот Митовски,  ја посетија и Европската куќа- Крива Паланка и присувствуваа на дебатата со младите франкофони на тема “Европа и Европска Унија”, по што ја проследија и “Франкофонска вечер 2022”.