– Детскиот културен центар „Карпош“ од 15 до 18 април четврти пат ќе организира фестивал на народни и класични инструменти и натпревар – „Инструментите на моите предци“, под покровителство на Град Скопје.
– На уникатен и единствен начин се запознаваме со сличностите и разликите на инструментите и нивните звуци во натпреварувачкиот дел. Преку звукот на народните инструменти патуваме во различни предели и региони и ги раскажуваме овие приказни кои зборуваат за минатото, во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство, соопшти организаторот на фестивалот.