УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ АТЛЕТИЧАР

0
228

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освои златен медал на Балканското првенство во Тирана, Албанија и постави национален рекорд со време од 01:04:65.

Ивановски беше најбрз на полумаратонот во Тирана, а ова за него е втора балканска титула во полумаратон, односно осми медал на натпреварувањата.