ВО БИТОЛА Е ВО ТЕК ИЗГРАДБА НА КОЛОВОЗ НА УЛИЦА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА

0
203

Во тек се градежните активности со кои се врши изградба на коловоз на улица Крушевска Република во должина од 490 метри, на потегот зад стадионот „Петар Милошевски“. Со завршувањето на овој дел од улицата, ќе се направи сообраќајно поврзување на улицата „Македонска фаланга“ со улиците во АРМ, со што ќе се овозможи намалување на сообраќајот на улицата „Партизанска“.

Улицата „Крушевска Република“ е дел од проектот за „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, за кој градоначалникот Тони Коњановски, претходно најави дека ќе биде реализиран оваа градежна сезона. Работните активности во рамките на тој проект во моментот се во тек на 7 улици.