Инвестираме во подземна инфраструктура, како никогаш до сега!
Конечно, населба Македонка ќе биде дел од водонабдителниот систем во сопственост на ЈП Исар
и локалната самоуправа. Општина Штип од сопствени средства го финансира проектот за
секундарната водоводна мрежа во должина од 1350 м, а во вкупен износ од 2.900.000 денари.
Меѓутоа, овде нема да застанеме!
Оваа периферна населба, после 50 години ќе добие и асфалтирани улици, со што ќе го подобриме
квалитетот на живот на граѓаните од овој дел од градот.