Нова платформа на македонски јазик

0
223

The Brainster NEXT Platform

првата платформа со бесплатни он-лајн курсеви на македонски јазик

Одлуката за избор за идните студии, кариерата и професија која навистина исполнува е секогаш возбудлив, но честопати и збунувачки процес за младите. Оваа одлука секако најмногу ги засега матурантите кои се наоѓаат пред еден од најголемите чекори на нивниот кариерен пат, а тоа е изборот за високото образование и областа на студии.

За донесувањето на оваа одлука, најголема улога игра кариерното советување и насочување, чијашто главна цел е даде насочници и пружи помош за правење несоодветен избор за идна професија. Мотивирани да придонесат во полето на кариерното советување и олеснувањето на оваа одлука, од страна на Brainster Next колеџот е креирана The Brainster Next Platform – првата платформа со бесплатни онлјајн курсеви на македонски јазик од областа на дигиталните професии.

Но, таа е многу повеќе од платформа со онлајн курсеви, таа е бесплатна алатка за кариерно насочување, особено во полето на најаткративните дигитални професии според индустриските трендови на денешницата, а и иднината.

Корисниците ќе имаат можност да го решат кариерниот квиз, да истражат и дознаат повеќе за областа што ги интересира и преку стекнатото знаење на курсевите полесно да донесат одлука за нивните идни студии, и да го најдат вистинскиот пат до нивната идеална кариера.

Курсевите на платформата се куси, јасни и концизни, и следат одредена патека за учење односно област која е од интерес за корисникот и сака да истражи повеќе за неа. Корисниците можат да следат една целосна патека за учење или пак да следат поединечни курсеви од различни области, со цел да имаат слобода да истражат се што е од нивен интерес. Платформата и курсеви на неа се бесплатни и отворени, и до нив може да се пристапи во било кое време со едноставна регистрација.

Оваа платформа постојано ќе расте и ќе се развива, со додавање на нови области за учење, нови курсеви и содржини, со што постојните корисници ќе бидат навремено информирани за дополнувања и надградувања во рамки целата оваа платформа.

Креаторот на оваа платформа – Brainster Next College, e првиот применет ИТ колеџ во Македонија, кој нуди современа студиска програма за додипломски студии во областа на Софтверско Инженерство и Иновации, креирана според најновите трендови во индустријата и реалната побарувачки за професионалци во областа на информатичките технологии.