Во периодот од 28.03-02.04.2022 во Братислава Р.Словачка Институтот за професионална рехабилитација на лица со посебни потреби во Братислава (ИПР) беше домаќин на последната мобилност во рамки на Еразмус + проектот “Coping with students challenging behaviour ” .
Како единствена специјализирана установа во Словачка, таа обезбедува сеопфатна социјална и професионална , но и делумно медицинска рехабилитација и грижа за лица со попреченост над 15г.
Заедно со партнер училиштата од Естонија и Латвија имавме можност поблиску да се запознаеме со начинот на функционирање на институтот, како и методи,техники и алатки за превенција и справување со предизвикувачко однесување кај учениците.
На овој настан беше финализирана и рамката за прирачникот за наставници кој ќе произлезе како продукт на овој проект.