Во општина Илинден поставени контејнери за рециклирање и селектирање на отпад

0
258

Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ)  ја посети општина Илинден

Претставници на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) ја посетија општина Илинден при што остварија работна средба со градоначалникот Александар Георгиевски. На средбата се разговараше за заедничката соработа остварена меѓу ГИЗ и општина Илинден во делот на имплементирање на БФЦ сертификатот, како и имплементирање на регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“.

Градоначалникот Георгиевски им се заблагодари за досегашната поддршка истакнувајќи дека општината и во иднина сака да ја продолжи оваа успешна соработка со ГИЗ во имплементација на повеќе проекти.

За време на средбата на претставниците од ГИЗ им беа дадени конкретни информации за начинот на примарната селекција на комуналниот отпад во која се користат садовите добиени преку проектот.

Истовремено им беа презентирани и придобивките на општина Илинден со добивањето на сертификатот во делот на регионалната соработка и можностите за аплицирање и добивање на проекти, како и сигурноста што им се нуди на идните компании кои што сакаат да инвестираат во Општината.

По завршувањето на работната средба беа посетени неколку локации каде што се поставени садовите за собирање и селектирање на комуналниот отпад.

 

 

 

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот