Акција за уредување на зелените површини во Гевгелија

0
68

ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, во соработка со Општина Гевгелија, започна со уредувањето на парковите и јавните површини во општината. Во тек е акција за уредување на зелената површина пред станбениот комплекс на улицата „Коле Неделковски“, во Гевгелија. По порамнувањето на земјиштето, просторот ќе биде оплеменет со урбана опрема и хортикултурно уреден. ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија најави дека во наредниот период ќе продолжи со одржувањето на парковите и јавните површини и на останатите локации во Гевгелија.
Согласно Програмата за работните активности, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ги одржува јавните паркови во Општина Гевгелија, чија површина изнесува 38.000 м2 и зелените појаси околу станбените згради, чија површина изнесува 45.680 м2. Покрај одржувањето на зелените површини во градот, ЈПКД „Комуналец“ се грижи и за зелените површини и во населените места. За што редовно се врши набавка на потребните средства и материјали, како и произвeдува сезонско цвеќе, од кое 20.000 садници пролетно цвеќе. Претпријатието ја одржува и урбаната опрема во градот и околните населени места.