5 април 2022 година, Мисисага, Канада
Црковниот одбор на Македонската православна црковна општина “Свети Илија” во Мисисага, на 30 април со почеток во 19.00 часот ја организира традиционалната КОМИТСКА ВЕЧЕР во чест на сите загинати борци за слободата на Македонија! За расположението на вечерта, со македонски песни и ора, ќе се погрижат “Соња & Оливер бенд”. Гостите ќе бидат послужени со богато мени на традиционалнa македонска кујна.