Во Австралија одбележан Светскиот ден на книгата за деца

0
137

ЈА ИЗЛЕЗИ КАЛЕШ СТОЈНЕ

Не лутај низ мислите
не занесувајте се.
Излези на горното порте
Стојне,на белите друмови,
“ Да ги пречекаш Стојне,ергените
ергените,бре,Стојне,битолчани
седумдесетседум одбрани јунаци
– сите Македонци.”
Тргнаа по сонот на
слободата
наредени,накитени
со пушки и патрони
со крв – вруток во жилите,
пат по вистината и
слободата,
да го ослободат заробеното
време од прангите.
Тргнуваат во Крушово
во Крушово- Мечкин Камен.
Да се ракуваат со последните
погледи.
А таму, жедни за коренување
на Слободата,
битки бијат,
дамари вијат
“Славни јунаци – одбор
Македонци.”
И уште прославен војвода
бестрашен јунак Питу Гули !

 

Од збирката”Траги во времето”
Автор: Љубица Поповска