Гевгелија организира турнир во шах

0
183
Шаховскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, кој неодамна започна со својата работа, изминатиов викенд го организираше првиот брзопотезен турнир во шах. На турнирот се играше по Бергеров систем, со темпо од 5 минути по меч, а учество зедоа: Проле Мартин, Најдески Благојчо, Думановски Коле, Стамков Мартин, Гочев Славчо, Крајчев Александар, Карапеев Зоран, Тучев Влатко, Петков Доне, Проданов Марко, Танчев Боре, Андонов Душко, Јовановски Борис, Трајков Ванчо, Андонов Тоше, Атанасов трајче, Глигоров Филип и Стојанов Томе. Првото место на првиот турнир во шах го освои Танчев Боре, второто место Најдески Благојче, а трет беше Андонов Тоше.
Секој месец, по завршувањето на првиот турнир, претседателот на Клубот, Петар Танчев, истакна дека ќе се организираат брзопотезни турнири, а на крајот на годината, најдобриот ќе биде прогласуван за најдобар шахист на Општина Гевгелија.
– Искрено ме радува што меѓу пријавените за првиот турнир имаше голем број на млади надежи, кои верувам дека се иднината на шахот во нашиот град, рече Танчев.