ГРУПА СТУДЕНТИ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА АРХИТЕКТУРА НА ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ И ВО ПОСЕТА НА ГАЛЕРИЈА КО-РА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА И ДЕНОВИТЕ НА ЕКОЛОГИЈАТА

0
468

Почитувани,

Во рамките на проектот Денови на пролетта  – Денови на екологијата, како и во рамките на соработката со други установи и институции, на 28.03.2022 година, реализирана е посетата на група од 25 студенти на Архитектонскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св Кирил и Методиј “ во Скопје, кои ја посетија изложбата на дела од четириесетина ликовни уметници од Р. С. Македонија и од надвор (САД,Канада,Финска, Германија,Чешка, Р.Словенија, Р.Хрватска), а која е во тек во двата салона  на Галерија „КО-РА“ . Потоа, своите пролетни импресии и еколошки пораки ги преточија во дела, настанати во урбаното катче среде центарот на градот облагородено со зелениот покрив на објектот Јавна Установа Дом на култура Кочо Рацин, Скопје. Во придружба и под менторство на  редовен проф. м-р Наташа Милованчев, акад.сликар и дипл.инж.архитект и демонстраторот, ликовен уметник и дипл. инж. архитект м-р Марина Убавкова, групата студенти твореше во повеќе техники со акцент на колажот. Останатите студенти, кои ја следеа наставата онлајн, имаа можност да се вклучат виртуелно учествуваат во споделувањето на импресиите и размислувањата околу можната соработка во повеќе сфери со можност за интердисциплинарни проекти, кои би вклучиле експерти од повеќе области на урбаното живеење.

Во своето излагање и онлајн вклучување стручниот соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура Виолета Калиќ, дипл.историчар на уметноста, ја истакна и можноста и за реализација на повеќе заеднички групни или самостојни изложби, тематски ангажирани со цел да се запази заложбата за афирмација на актуените  глобални  тенденции за  воспоставување на одржлив развој на Планетатат Земја во сите сфери на живеењето и дејствувањето, со примена на најразлични и неконвенционални материјали и нивно рециклирање. Воедно, се истакнаа и повеќе бенефити од облагородувањето на објектот со зелена градина со преку 37 разнородни видови растенија, кои придонесуваат за пречистување на воздухот и намалувње на температурите во летниот период. На присатните студенти од Архитектонскиот Факултет од УКИМ , Скопје им се обратија и ликовните уметнички м-р Жанета Радевска Спировска и  Ангелца Стоиљковиќ, кои се всушност и помеѓу учесниците на големата изложба во двата салона на Галерија „КО-РА“ по повод Деновите на пролетта и Деновите на екологијата.

Се очекува наскоро и реализација на изложба со делата на студентите, инспирирани и реализирани по овој повод.

Со почит,

Виолета Калиќ

стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура

071 232 706