Признанија за крводарителите во Гевгелија

0
300
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈА ЗА ЈУБИЛЕЈНИ КРВОДАРУВАЊА НА ЛИЦА ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по повод Денот на крводарителството, денеска, им додели признанија и пригодни подароци на 5 крводарители- жители на општина Гевгелија, кои јубилејно дарувале крв. На приемот, беа доделени признанијата за 25, 50 и 100 пати дарување крв. И тоа на: Воислав Маџунков и Никола Ќириќ за 100 дарувања, на Никола Опров и Трајче Тодоров за над 25 и на Борис Делев за над 70 дарувања. Честитајќи им за придонесот во спасувањето на човековите животи со дарувањето на нивната крв, како највисок чин на хуманоста.