ЛЕТНА ШКОЛА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

0
110

Почитувани,

Ве известуваме дека Летната Школа по македонски  јазик наменета за децата на иселениците, која Агенцијата за иселеништво ја организира секоја година, ќе се одржи од 24-30 јули 2022 година. Сместувањето ќе биде во хотел во Охрид, покриено од страна на  Агенцијата за иселеништво.
Возраста на децата треба да е од 12-16 години.

Наставата ќе се одвива еднаш дневно, во претпладневните часови во времетраење од час и половина.

Покрај класичната настава за јазикот, ќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, игри на вода, плажа,  екскурзии и посети на интересни места во градот.
Превозот до Охрид ќе биде во организација на родителите.
На „Летната Школа” ќе може да прифатиме најмногу 30 ученици.

 Присутни ќе бидат претставници од Агенцијата за иселеништво, наставници задолжени за наставата, пратители за учениците и лекар.

За Програмата и други детали ќе ве информираме дополнително.
Ве молиме присуството да го пријавите на следната адреса:

jelena@minisel.gov.mk