УСПЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА АК „7 НОЕМВРИ“ НА ДВЕ ТРКИ, ВО КОЧАНИ И ВОЛОС

0
341

Изминатиов викенд, членовите на АК „7 Ноември“- Гевгелија постигнаа нови успеси на две трки. И тоа, на првата „Ротари трка“ во Кочани и на полумаратонот во Волос, соседна Грција. Имено, 10 члена екипа, во состав на: Цеца Србова, Никола Ковачев, Атанас Епов, Живко Петков, Кристијан Прошев, Ристо Чалков, Стојан Делев, Дарко Прошевски, Мики Петковски, Валентина Узунова, Мијалчо Андоновски и Диме Андреев учествуваа на трките на 5 и 10 километри, на „Ротари трката“ во Кочани. Од нив, на трката на 5 километри во машка конкуренција, Атанас Епов го освои првото место, додека во женска конкуренција првото место го освои Цеца Србова. Во десетте рангирани на трката на 5 килиметри, на четврото место се позиционираше Ристо Чалков, на седмото Стојан Делев и на десеттото место Никола Ковачев. На трката на 10 километри во женска конкуренција, Валентина Узунова го освои деветтото место.
На шестиот полумаратон во Волос, успешно се претставија тројца членови на АК „7 Номеври“- Гевгелија – Toдор Анчев, Драган Ристов и Методија Ичев. Во конкуренција со 500 тркачи, Тодор Анчев го освои третото место.