Зборувајте МАКЕДОНСКИ во март
Задолжително зборувајте македонски во март!
Да, Вие, сите вие во вашиот дом, на вашето работно место, во фудбалските клубови, во играорните друштва, во пензионерските социјални групи… И дома и на гости – секаде зборувајте на македонски јазик.
Македонскиот просветно-училишен одбор за НЈВ ја започна и секоја година ја организира интернационалната кампања за поттикнување на сите нашинци и нивните потомства, да зборуваат македонски во март.
Март е месец во кој Филип Втори ги започнувал сите походи во неговото време. Во март месец и ние да го започнеме походот кон зачувување и негување на македонскиот јазик, поход во кој треба сите да зборуваме, секојдневно, упорно и задолжително македонски.
За повеќе информации, идеи и за секојдневни дијалози на македонски јазик, пратете не на Фејсбук.