По повод празникот 1-Мај, Општина Крива Паланка организира турнир во мал фудбал во периодот од 25.04.2022 до 02.05.2022 година.
Пријавувањето ќе трае до 22.04.2022 година до 16 часот, а екипите ќе треба да уплатат котизација од 2 500 денари.
Ждребувањето ќе се одржи на 22.04.2022 година.
Вкупниот фонд за награди изнесува: 90 000 денари
Прво место -50 000 денари;
Второ место-25 000 денари;
Трето место-15 000 денари;
Во рамки на турнирот ќе бидат доделени и награди за:
-Најдобар играч;
-Најдобар голгетер и
-Најдобар голаман
За сите подетални информации заинтересираните може да се информираат или пријават кај, Антонио Јакимовски на следниот телефонски број: 078 241 928 или на мејл: antonio.jakimovski@gmail.com
За релизација на турнирот во мал фудбал изготвен е и Правилник по кој ќе се одвива турнирот.