Реконструирано детско игралиште во Струмица

0
196
Градоначалникот Костадин Костадинов со своите соработници, претседателот на Советот Марјан Даскаловски и членови на истиот и директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев, денеска, го посетија реконструираното детско игралиште на улицата „11-ти Октомври“ или популарно наречено Шпики.
Реконструирана е вкупна површина од околу 650 метри квадратни на којашто е изработена бетонска платформа, врз која е ставена гумирана подлога и врз неа нова комбинирана играчка.
Во останатиот дел од игралиштето е извршено хортикултурно уредување, има нови бехатонски патеки, клупи и корпи за отпадоци, а извршена е и санација на оградниот ѕид и оградата.