ОДРЖАН ЗАЕДНИЧКИОТ КОНЦЕРТ НА АНСЛАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ И КУД „ЉУБОМИР ИВАНОВИЌ- ГЕЏА“ ОД СРБИЈА

0
47
Изминатиов викенд, Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија беше домаќин на заедничкиот концерт со КУД „Љубомир Ивановиќ- Геџа“, кој се одржа во Народниот театар- Гевгелија. Гевгеличани имаа можност да уживаат во фолкорните настапи на двата ансамбла, кои се долгогодишни пријатели и културни соработници.
КУД „Љубомир Ивановиќ- Геџа“ е формирано во 2013 година во селото Ковачевац, во близина на Младеновац, Република Србија. Во друштвото членуваат 130 члена кои се поделени во пет различни групи и секции. Името го добива по славниот тренер во борење Љубомир Ивановиќ- Геџа, кој е роден во ова место.
Ова друштво ги продолжува традициите на народните песни и ора од овој крај, и за краткиот период на постоење го сврте вниманието на јавноста со својата работа и учество на различни фестивали. Основните цели на друштвото се играта, песната, дружењето и запознавањето со културата на другите народи и нивната традиција.