ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ОРГАНИЗИРА „ПРВОАПРИЛСКИ МАСКЕНБАЛ“ ЗА НАЈМЛАДИТЕ

0
105

По повод 1 Април-Денот на шегата, Oпштина Крива Паланка ќе организира несекојдневен весел настан за најмладите „Првоаприлски маскенбал“.

Настанот ќе се одржи на 01.04.2022 (петок) на Градскиот плоштадот со почеток во 11 часот.

Со нови бујни идеи и креации со маски, ќе се престават учениците од одделенска настава од ООУ „Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, како и дечињата од детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка.

Забавата под маски, насловена-Првоаприлски маскенбал, ќе започне со детското дефиле низ централаната улица од 11 часот, а потоа продолжува со петставување и ревија на маскираните детски групи, на која ќе имаат можност да ја покажат и својата креативност.

Оваа година настанот ќе биде збогатен и со културно-забавна програма и несекојдневен креативен перформанс на кловнови и жонглери, ликови и супер херои од популарните цртани серии, кои макар само на еден ден, ќе ја развеселат детската стварност. Како за крај на овој најрадосен ден за најмладите, сите заедно ќе имаме можност да го проследиме и настапот на солисти и членови на реномираниот детскиот хор од „ Златно славејче“.