Нашинците во Италија подготвени да ја поддржат Македонија

0
50

За прв пат Македонија игра бараж за пласман на еден Мундијал, кога противникот е актуелниот европски шампион

Македонската фаланга е подготвена, а Палермо ќе биде обоен во црно-жолта боја. Македонија на „Ренцо Барбера“ ќе ѝ гостува на моќната Италија во рамките од баражот за Светското првенство во Катар во ноември и декември оваа година.

Во Палермо се очекува на трибините да има околу 1.300 навивачи, Фудбалската федерација на Италија веќе објави дека стадионот „Ренцо Барбера“ кој има капацитет од 36.000 е распродаден.