Ѓурѓај му ја врачи наградата „Илинден“ на амбасадорот Марковски

0
105

(МИА) – Првите луѓе на македонско друштво „Илинден“-Тирана,  претседателот  Никола Ѓурѓај и потпретседателот на Незир Меча, беа во посета на македонската амбасада во Тирана.

Повод за посетата беше врачувањето на почесната награда „Илинден“ на амбасадорот Данчо Марковски, а на средбата присустваа и вработени во амбасадата.

-Амбасадорот Марковски од своја страна, се заблагодари за почитта и ги поздрави сите заложби, посветеноста и ангажманот на друштво во насока на унапредување на позицијата и правата на македонското национално малцинство во Албанија, информираа од друштвото за МИА.

Ѓурѓај искажал голема благодарност за односот и ангажирањето на амбасадорот во правец на подобрување на состојбата на Македонците во Албанија.

-Поради тоа, со посебно задоволство нашиот претседател, Ѓурѓај,  му ја врачи наградата „Илинден“ и изрази надеж дека досегашната успешна соработка и позитивни релации ќе продолжат и во иднина со македонската амбасада во Тирана. На срдечниот разговор искажан е заеднички став за унапредување на соработката меѓу нашето друштво и амбасадата, додаваат од друштвото.

Македонското друштво „Илинден“ е формирано 2009  година а почесната награда „Илинден“  за првпат беше востановена пред три години, на одбележувањето на јубилејот, десет години од формирањето.

Таа се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албанија.

Годинешни добитнци на наградата, осевен Марковски се и Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) – Канада, како и Халит Хабип Оглу – потпретседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа – Витен, Германија.