Веќе осум години, македонката Николина е акушерка во Германија. Круна на љубовта со сопругот, поради кој заминала од Македонија се момче и девојче .
Нејзините раце први го прифаќаат новиот живот кој се раѓа, а за она што го прави таа вели дека е потребно многу љубов и големо срце.
„Раѓањето на бебето е грандиозен момент. Прекрасна емоција и фасцинантен процес. Но, само по себе е и тешка и одговорна работа, бидејќи работите со два човечки животи“ , вели Николина која преку инстаграм профил на мајките им ги дава најкорисните совети за мајчинството.
Досега на свет како акушерка дочекала над 800 бебиња, а се сеќава и на првото породување. Она по кое ја забележавме Николина е трансформацијата која ја доживеала по раѓањето на нејзиното второ детенце, ќеркичката Лара која има 10 месеци, а за која трансформација ни раскажува во редовите подолу.
*За почеток запознај ги нашите читатели накратко која е Николина?
Николина е 34 годишна мајка на две прекрасни дечиња Лука, 5 ипол години и Лара 10 месеци. Живеам во Германија од 2013 година, а причината поради која се преселив тука е љубовта. Се заљубив во мојот сопруг кој исто е така е Македонец, но е роден и живее во Германија. Токму поради таа прекрасна љубов дојдов овде и тука го продолжив мојот живот.
Повеќе можете да прочитате тука