Во рамки на проектoт „Поезијата не познава граници“, литературната секција при МКД „Охридски бисери” од Нова Горица распишува конкурс за необјавени литературни творба (поезија и проза) на тема „Мојот дом“ .
На конкурсот може да учествуваат ученици од основните и средните училишта во Словенија.
Литературните творби треба да бидат напишани на македонски литературен јазик и треба да се испратат на е-маил: mkd.ohridskibiseri@gmail.com најдоцна до 25 мaj 2022.
Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.
Доставените творби ќе ги разгледува и оценува соодветна комисија , а најдобро рангираните автори по категории: прво до петто одделение, шесто до деветто одделение и средно образование, ќе бидат објавени на нашата веб страница како и на социјалните мрежи.
Наградите ќе бидат доделени на самата манифестација „Поезијата не познава граници„ што ќе се одржи во месец јуни а трудовите ќе бидат објавени во овогодинешното списание „Инфо на горишките бисери”.