Националниот Совет на Македонците во Република Србија го честита 8 Март

0
71
ПОЧИТУВАНИ ДАМИ,
Во името на Националниот совет и во свое лично име со големо задоволство и чест Ви упатувам најискрени честитки за Вашиот празник, 8- Март, Меѓународниот ден на жената.
Ја изразувам сета почит и благодарност кон нашите мајки, сопруги, баби, сестри, тетки, пријателки, колешки… за Вашиот придонес во сите сфери на животот.
Честитајќи го овој празник, го изразувам уверението дека интелектуалниот и духовниот придонес на жената остава особена важна и незаменлива трага во градењето на еден поубав свет.
Драги наши дами, бидете горди што сте жени, мудри, достоинствени, храбри и силни, а истовремено нежни и внимателни.
Ве сакаме и Ви благодариме!
Среќен 8-ми Март
председател
Борче Величковски