Во Тетово изложба на фотографии „Сигнал“ посветена на положбата на жената во општеството

0
325

Во чест на Меѓународниот ден на жената, во просториите на Уметничката галерија – Тетово, се одржа изложба на фотографии со наслов „Сигнал“, посветена на положбата на жената во нашето општество. Преку фотографиите е прикажана професионалната обука и усовршување на жените на пазарот на трудот.

Изложбата содржи инспиративна анализа на положбата на жената во општеството и целта на изложбата е да се поттикне и развие интелектуалната свест кај жените, да се поттикне потребата од промени и можноста жените да учествуваат во обликувањето на нивната иднина.