СТЕФО НАНЦУ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН ВО АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ

0
173
СТЕФО НАНЦУ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН ВО АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ
1 март 2022 година, Сиднеј, Австралија – На годишното собрание на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј што се одржа на 3 декември минатата 2021 година, Стефо Нанцу, Македонец по потекло од Егејскиот дел на Македонија, е прогласен за почесен член на Театарот.
Стефо Нанцу е познат драмски писател, режисер и глумец кој за последните 40 години има напишано, режирано и глумено во над 160 театарски претстави за театарски компании низ Австралија, Европа, Северна Америка, Азија, Јужна Африка и Нов Зеланд. Во 1989 година го основа театарот “Зил“ преку кој создаде над 50 оргинални продукции кои ги има изведувано не само во Австралија, туку и во над 30 држави низ целиот свет. Некои претстави повеќепати се изведувани и наградувани на меѓународни фестивали.
Стефо Нанцу беше директор во Сиднејската театарска компанија за која пишуваше и режираше над десет оргинални продукции вклучувајќи ја “Левијатан“ со актерска екипа од над триста актери. Во 2009 година Стефо Нанцу се вклучи како актер и режисер во Македонскиот театар каде режираше и глумеше во повеќето претстави. Неговата меѓународно позната драма “Камењата“ во 2020 година се одигра на Македонски јазик од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.
Стефо Нанцу повеќепати бил наградуван за глума и режија, а се здоби и со наградата Александар Македонски за животно дело од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.