Денес градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко, оствари работна средба со претставници на Македонскиот Олимписки Комитет, претседателот Даниел Димевски и секретарот Сашо Поповски

0
340

Денес градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко, оствари работна средба со претставници на Македонскиот Олимписки Комитет, претседателот Даниел Димевски и секретарот Сашо Поповски.

Оваа средба имаше за цел поврзување на МОК со Општина Струга и претставување на  условите што ги нуди општината за организирање на идни проекти и натпреварувања од меѓународен карактер.

 Воедно се реализира и средба со професорите по спорт и спортските клубови каде беше понудена помош за соработка, за обуки и унапредување на спортот во Струга.

Делегацијата го посети и ООУ “Браќа Миладиновци” Струга, каде учениците имаа подготвено проекти за спортот и добија скромни подароци за нивните спортски активности.

 Претседателот на МОК истакна дека градот има потенцијал за за сите спортови, но пред сѐ за водените спортови.