МКУД „Бисер“ од Џилонг се заблагодарува за помошта околу организацијата на Пако Феста

0
67
Во име на Македонската заедница на Geelong Inc & The Cultural & Arttistic Association Biser, би сакале да се заблагодариме на сите што помогнаа Пако Феста 2022 да биде ваков успех.
Многу посебна благодарност до:
Дамите кои помогнаа да се направи мазник/зелник цел ден во петок,
Дамите кои дојдоа во петокот вечер да помогнат да се спакува и подготви целата храна,
Дамите кои направија баклава, тулумби, македонски шортбребс и мафини да се продаваат на нашата тезга за храна,
Мажите и жените кои работеа во тезгата за храна готвеат ќебапи и служат цел ден во сабота,
Прекрасните танчери/членови на „Бисер“ кои учествуваа на парадата, прикажувајќи ги нашите прекрасни македонски традиционални носии,
Сите оние луѓе кои ја поддржуваа нашата заедница и штанд за храна во текот на целиот ден купувајќи и уживајќи во нашата вкусна традиционална македонска храна.
Благодарност и до организаторите на Пако Феста како и сите прекрасни мултикултурни заедници од Гелонг кои учествуваа – сите работејќи заедно, обединети, за да го направиме овој навистина спектакуларен настан.