Ковачевски од Лондон: Македонската дијаспора е силен промотор на Северна Македонија во Обединетото Кралство

0
112

 (МИА) – Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на работниот дел од посетата на Лондон за учество на Инвестицискиот самит за Западен Балкан, оствари средба со македонски граѓани и професионалци кои живеат и работат во Обединетото Кралство.

Од Владата вечерва информираа дека премиерот Ковачевски и амбасадорката Александра Миовска им се заблагодариле на претставниците на македонската дијаспора за поддршката што и ја даваат на нашата амбасада во Лондон, за промоцијата на Северна Македонија во Обединетото Кралство и за промоцијата на македонскиот јазик и останатите културни белези на нашата земја.

– Премиерот Ковачевски ги запозна нашите државјани со очекувањата од самитот на ЕБОР, како една од најзначајните европски финансиски институции која ги поддржува реформските процеси во земјата за постигнување на стандардите на Брисел во нашата европска интеграција. На средбата во Амбасадата на Северна Македонија во Лондон, премиерот Ковачевски го истакна традиционалното пријателство на Обединетото Кралство и Северна Македонија, како и силната британска поддршка која како држава ја добиваме во сферата на демократизацијата, доброто владеење, отворената Влада, транспарентноста и отчетноста, се наведува во соопштението од владината прес-служба