Големо другарство во македонското етничко училиште „11 Октимврти“ во Јагуна

0
180
Пријателства!
Пријателствата кои децата ги создаваат во рамките на македонското училиште ќе останат до крајот на животот. Можеби ќе се запрашате КАКО?
Тие дружби продолжуваат и надвор од македонското училиште како што се учениците меѓусебно покануваат на родендени, забави, игра и не само тоа, туку, почнуваат да се развиваат посебни врски и пријателства меѓу децата и нивните Како што децата стареат тие пријателства продолжуваат добро во нивниот живот. Заедно излегуваат во ноќни клубови, игранки, забави и излегувања. Ова од возврат ги радува родителите, како што знаат со кого им се децата – другите сограѓани Македонци!
Колеги Родители, затоа донесете ги вашите деца во Македонските Училишта, со оваа идеја вложувате во животот и иднината на вашите деца. Знаете дека македонската идеја, култура и традиции ќе продолжат да напредуваат во вашето семејство. Вашите деца ќе продолжат да учат и зборуваат македонски јазик, да ги пеат македонските песни и најважно да ја поддржуваат Македонската заедница. Затоа оваа љубов и страст кон Македонскиот јазик ќе продолжи да се пренесува на нивните деца и идни генерации! Можете ли да замислите сето погоре постигнато преку една идеја ……. Пријателства!
Другарство!
Другарството што се создава во македонското училиште трае за целиот живот.
Тоа другарство продолжува и надвор од училиштето, децата се канат на родендени, игротеки, се посетуваат дома и не само децата и родителите се запознаваат и дружат меѓусебе.
Кога ќе пораснат поголеми тоа другарство продолжува. Заедно излегуваат по клубови, диска и родителите се среќни затоа што знаат со кого се дружат – со другари – Македонци .
Затоа драги родители, носете ги вашите деца во македонското училиште , со тоа инвестирате во вашата и иднината на вашите деца. Сигурни ќе бидете дека со вас нема да заврши македонштината во вашата фамилија.Вашите деца ќе продолжат да зборуваат македонски јазик ,ќе пејат македонски песни, ќе се дружат со македонци и што е најважно со гордост ќе ја подржуваат македонската заедница и таа љубов кон Македонија ќе им ја пренесат на нивните деца!