Австрија ќе ги укине повеќето рестриктивни мерки на 5 март

0
81

На 5 март ќе се укинат повеќето рестрикции што толку многу ги оптоваруваат луѓето“, рече канцеларот Карл Нехамер.

Условите за влез и повеќето други ограничувања ќе бидат целосно укинати, со повторното отворање на ноќните клубови и ќе заврши полноќното ограничување на работното време за рестораните и баровите.

Нехамер рече дека барањето за носење заштитни ФФП2 маски ќе остане на сила „таму каде што е апсолутно неопходно да се заштитат ранливите групи“, вклучително и во јавниот транспорт, супермаркетите и аптеките. Ќе продолжи да се бара доказ, барем негативен тест, за персоналот и посетителите во болници и домови за стари лица.

Како што претходно беше најавено, владата заедно со гувернерите на покраините треба да донесе одлука за натамошно олеснување на мерките, со образложение дека состојбата во болниците и покрај големиот број новозаразени, е стабилна. Учесниците на состанокот сакаат денеска да го прогласат 5 март за „Ден на слободата“, по примерот на Велика Британија.

Според претходната одлука на Владата, на 19 февруари ќе следи натамошно олеснување на мерките. Така, во угостителството, хотелите и на манифестациите, ќе се применува правилото 2Г наместо 3Г, што значи дека невакцинираните, со негативен тест, повторно ќе добијат пристап до кафулиња, ресторани, хотели, концерти, натпревари.

Исто така, од 5 март ќе бидат овозможени приватни и јавни прослави, концерти, саеми и други собири без ограничување на бројот на присутни.

Се укинува и карантинот за заразени без симптоми, а единствено што ќе остане е обврската за носење маски на одредени места.

Се размислува и за времено прекинување на задолжителната вакцинација, која беше воведена пред десетина дена./ mkd.mk