Поставена нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк

0
228

Детскиот културен центар „Карпош“ деновиве постави нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк, заменувајќи ја старата која беше оштетена. Вакви куќарки за размена на книги во моментов се поставени во Градскиот парк, паркот „Ибни Пајко“, како и во дворот на ДКЦ „Карпош“.

Овие куќарки се поставени како дел од проектот „Улични библиотеки“ кој го реализираат Детскиот културен центар „Карпош” и Град Скопје. Во овие улични библиотеки граѓаните можат бесплатно да позајмат книги и да ги вратат откако ќе ги прочитаат, но и да оставаат книги кои би сакале да ги споделат со другите.

Главната цел на овој проект, кој се спроведува под мотото „Заедно да шириме книжевна среќа“, е да се направат книгите достапни за сите. Тие се симбол на доверба и надеж – мала предност на книжевната среќа.