Свети Трифун одбележан во општина Илинден

0
123

Свети Трифун, Празникот заштитник на лозарите и градинарите, денеска беше одбележан во општина Илинден. Со благослов за поголем бериќет беа закроени лозјата.

По повод празникот, во црквата Св. Трифун во н.м. Ајватовци се одржа света литургија на која присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со членови на Советот на Општина Илинден. По завршувањето на литургијата во дворот на црквата се одржа традиционалното закројување на виновата лоза.