МНР: Обединетото Кралство и Франција со нови Ковид протоколи

0
92

Министерството за надворешни работи информира дека со новите Ковид протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за Ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во Обединетото Кралство. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници.

-Обединетото Кралство го прифаќа нашиот сертификат за примени вакцини, за оние кои ги признава (Moderna; Janssen (single dose vaccine); Novavax (Nuvaxovid and Covovax); Oxford/AstraZeneca; Pfizer BioNTech; Sinopharm Beijing; и Sinovac-CoronaVac), а EU Digital COVID Certificate за нашите граѓани ќе почне да го признава  од 28 февруари 2022 година. Дополнително, невакцинираните лица се сметаат оние без ниту една или само со една вакцина (освен ако е Janssen) или лица кои имаат примено вакцина чиј сертификат оваа земја не го признава, на пример Sputnik, наведуваат од МНР.

Воедно, се потсетува дека на државјаните на Република Северна Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој. 

 Во Франција македонските државјани може да влезат доколку се вакцинирани, односно примиле една од следниве вакцини: Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield et Johnson & Johnson.

-Условите се: да се поминати седум дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA), 28 дена од Johnson & Johnson, седум дена од трета доза вакцина Pfizer за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA. Исто така, треба да се приложи потврда за статусот на вакцинација, наведуваат од МНР.