Ванилици со oреви

0
93

1/4 маст
7 лажици шеќер
2 жолчки
1 цело јајце
150 гр. мелени ореви
1/2 кгр. меко брашно
шеќер во прав
ванила

Изматете ја пенесто маста со шеќерот; потоа додајте rи жолчките и јајцето и матете уште дoдека не се изедначи смесата. Во таа смеса дoдајте ги мелените ореви, па сo брашното замесете мазно тесто. Исипете го тестото на даска за месење и расукајте кора во дебелина на прст и со калап или со ракиена чашка вадете тркалца. Ставете ги во подмачкан плех и печете ги на тивок оган. Ванилиците залепете ги со џем oд кајсии, и уште топли наросете ги со прав шеќер.