И З В Е С Т У В А Њ Е
Почитувани верници, браќа и сестри !!!
Наши драги парохијалци !!!
Црковната Општина “Св. КИРИЛ и МЕТОДИЈ” од Пантан, ги повикува своите членови да земат АКТИВНО учество во проширувањето на Црковниот Одбор со НОВИ ЧЛЕНОВИ !!!
Црковната Општина моментално има ОГРОМНА ПОТРЕБА од:
– СЕКРЕТАР и негов заменик
– БЛАГАЈНИК и негов заменик
Ако сакаме и ако имаме желба, ова што сега го имаме да го ОДРЖИМЕ, за да го ЗАЧУВАМЕ и во однина да биде НАШЕ, мораме СИТЕ ЗАЕДНО да СОРАБОТУВАМЕ и да си ПОМАГАМЕ !!!
Сите се добредојдени кои искрено и доброволно сакаат да се нафатат да ја реализираме оваа прекрасна замисла. Да создадеме нешто кое ќе остане за идните наши генарации и поколенија. А секако сме на добар пат, бидејќи:
Иако чекориме полека
Сепак создаваме иднина
И пишуваме убава историја
За подетални информации, заинтересираните можат да се обратат кај нашиот парохиски свештеник – о. Даниел Стојчевски
ВЕ поздравуваме
со христијанскиот поздрав
ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС
Црковниот Одбор при
МПЦО “Св. КИРИЛ и МЕТОДИЈ” – Пантан