150 години од раѓањето на Гоце Делчев
4 февруари 1872 – 4 мај 1903
Француско македонско здружение “ИЛИНДЕН 1903” од Canteleu, Normandie го обележи јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. Учениците од школото по македонски јазик со учителката припремија приредба со стихови и цитати посветени за легендарниот војвода, апостол, идеолог и учител, Гоце Делчев.