Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, на 7 Февруари 2022 година во Белград, присуствуваше на Првата Седница на Меѓувладината Мешовита Комисија за правата на националните малцинства на Република Северна Македонија и Република Србија, во својство на член од страна на Македонската делегација.
На Седницата се разгледа и усвои Правилникот за работа на Меѓувладината Мешовита Комисија помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Воедно се разгледуваа актуелните отворени прашања за остварување на малцинските права во двете држави преку обраќања од страна на претставници на Македонското Национално Малцинство во Република Србија и Српското Национално Малцинство во Република Северна Македонија, а обраќање имаа и членовите на комисиите кои се претставници од надлежните органи.
Седницата заврши со утврдување на динамиката за понатамошната работа на Комисијата.