ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: 150 ГОДИНИ ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ

0
222
На 4-ти февруари 2022 година, членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“
од Сиднеј, во својата библиотека во Арнклиф, по повод 150 годишнината од раѓањето на  идеологот
и војводата Гоце Делчев одржаа пристојно чествување.
По читање на неговата биографија, која иако зафаќа периот од само 31 година, е доста емотивна
и бурно го отсликува неговиот револуционерен живот. Гоце е еден од најмаркантните личности по
Александар Филипов Македонски, на македонскиот народ, земја и историја.
Последниот Гоцев подвиг е минирањето на мостот од железничката станица кај селото Анжиста (Драмско).
А потоа? Потоа морници, црнина и солзи. Баница 4 мај 1903. Крвава зора. Предавство! Македонија сардисана…
Гоце сардисан… Пукот… Ах, момци. рани… И смрт! Гоце е мртов! Го убија Делчев! Го нема Гоце! Години го нема.
Но, Гоце е мојот син. Гоце е твојот син. Гоце треба да биде внукот на твојот внук и овде во Австралија и таму
во Македонија.
По неговата смрт, на Македонија и се заканува разимување, расчеречување. Македонија се распродава за циничен
насмев, а Македонците за едносмерен билет. Ние светот го разбираме како поле за културни натпреварувања на
народите, но светот не ја разбира нашата цивилизациска лозинка.
На 150 годишното чествување во Сиднеј, група поети и лубители на делото на војводата Делчев, прочитаа свои
и песни од македонски поети посветни на македонскиот револуционер и водач, војводата Гоце Делчев. Еве ги
нивните имиња: Марија Александрова, Иван Трпоски, Цане Ѓуроски, Петар Дамчевски – Коцин, Вера и Тоде Мицковски.
А како додаток беа прочитани и песните на Дана Тембелевска  „Гоце“ и песната за „Султана„ од поетот Бошко Смаќоски
испратени од Македонија.
Иван ТРПОСКИ