Иселеник од Македонија се сретна со папата Франциск и имаше ретка можност да му даде подарок

0
113

Како награда за својот долгогодишен труд во познатата винарија „Azienda Agricola Castello Di Perno”, сопственикот на винаријата на делчевецот Зоран Момчилов му овозможи да се сретне со Папата Франциск.

-Средбата беше кратка, а приликата ја искористивме да му подариме на Папата Франциск од квалитетните вина од нашата винарија. Се заблагодарам за довербата која ми ја укажаа сопствениците и да додадам дека ова за мене ќе биде стимул уште посилно да се вложам себеси во работата, истакна Момчило.

Иако татковината му е во срцето, Момчилов со сопругата и семејството, својата среќа од поодамна ја нашле во Монфорте. Областа е позната по лозарството и е регион каде најразвиено е производството на вино како и туризмот.

Во овој дел од Италија својата егзистенција ја нашле околу 30-тина семејства од Делчевско.